Македонија
13. November 2016 - 17:17

Руралните општини во тетовско бараат поврзување со автопатот

Неколку општини од полошкиот регион започнаа иницијатива за изградба на нов локален пат кој ќе го поврзе автопатот Скопје-Тетово со регионалниот пат Тетово-Јажинце. Идејатата е патен правец да води од автопатот во близина на технолошко индустриската зона во правец кон селата од општините Јегуновце и Теарце со крајна дестинација регионалниот пат што води до граничниот премин за Косово. 
 
Покрај подобруавње на сообраќајните текови огромна е важноста за економијата, велат надлежните. 
 
Основниот проект предвидува пат со должина од 2 километри и 600 метри, ширина од пет и пол метри меѓу Непроштено и Требош од каде има клучка за автопатот.