Бизнис
2. April 2018 - 19:41

Руралните општини бараат повеќе пари во програмата за рурален развој

Градоначалниците на руралните општини бараат повеќе пари во Програмата за рурален развој  и поголема транспарентност при спроведување на мерките од Платежната агенција.

При доделување на средствата  предност да имаат општините со седиште во село.

На тој начин ќе се подобри рамномерниот регионален развој и ќе се задржи населението во овие средини. Општините до ЗЕЛС доставиле барање и да се укине ДДВ-то  за проектите со кои аплицираат.

Поради неможноста да издвојат толкави средства за данокот, тие се почесто се откажуваат од аплицирање или докрај не ги реализираат.

Програмата годинава тежи 34 милиони евра.  Но воглавно парите одат за стари проекти кои сега се исплаќаат и реализираат.  Министерот за земјоделство вели дека ќе бара повеќе пари.

Од следната година руралните општини за прват ќе можат да аплицираат и за парите од ИПАРД програмата за да ја подобрат инфраструктурата. И покрај тоа што државата секоја година издвојува пари за овие средини, има многу населени места кои сеуште ги немаат основните услови за живот.Поради ова се повеќе граѓани мигрираат од село во град.

АЛЕКСАНДРА ДЕСПОДОВСКА