Рупер Мардок се жени со поранешната сопруга на Мик Џегер

Дека љубовта не знае за години, докажува и британскиот медиумски магнат Руперт Мардок, кој во својата 84-та година планира да се ожени со поранешната сопруга на Миг Џегер, 59-годишната Џери Хол.
Како што објави британскиот весник „Тајмс“, Мардок и поранешната манекенка, кои се во врска веќе четири месеци, се појавија заедно во неделата вечерта на доделувањето на филмските и телевиски награди „Златен глобус“ во Лос Анџелес.
„Тајмс“ наведува дека веста за веридбата и претстојната свадба на Руперт и Џери придизвикала задоволство и радост меѓу нивните деца од претходните бракови.
За потсетување, Рупет од претходните три брака има шест деца - Пруденс, Елизабет, Лахлан, Џејмс, Грејс и Клои, додека Џери од бракот со Џегер има четири - Елизабет, Џејмс, Џорџ и Габриел.
Мардок во 2013 година, по 14 години брак, се разведе од неговата трета сопруга Венди Денг. Џери пак беше во брак со познатиот пејач Мик Џегер од 1977 до 1999 година.
Ново на Сител
-

Колкави плати земаат функционерите?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Полиција го чува Груби во домашен притвор, МВР и АНБ процениле дека не може да му се гарантира безбедноста во “Шутка”
-

Филков бара одговорност со име и презиме за куќниот притвор на Груби
-

Од денеска 6 фирми за производство на канабис останаа без дозволи за работа
-

Ќе се намалуваат функционерските плати за околу 200 евра
-

Ќе се воведува дуалниот концепт и во високото образование
-

Угостителите добија време од една година за да се прилагодат на новиот закон за заштита од пушењето
