Рудникот „Тораница“ го рестартира производството

Рудникот за олово и цинк „Тораница“ од Крива Паланка повторно почнува со работа. Рестартирањето на рударскиот капацитет ќе биде одбележано денеска со симболичен настан во општината, во соработка со новиот концесионер, бугарската компанија „Минстрој“.
За рестартирањето „Минстрој“ во Македонија ја основаше фирмата „Булмак 2016“, која доби дозвола за експлоатација на олово и цинк. Согласно договорот со Владата, „Булмак 2016“ во август годинава го рестартираше производството и во рудникот „Злетово“ во Пробиштип.
„Минстрој“ ќе ги менаџира „Злетово“ и „Тораница“ за годишна концесија од два милиона евра. По потпишувањето на договорот концесионерот најави дека ќе ги врати на работа околу 1000-те вработени во два рудника, со кои претходно стопанисуваше компанијата „Индо минерали“.
Според последните податоци на Министерството за економија, во државава активно работат над 150 рудници претежно за експлоатација на олово, цинк, бакар, сребро и злато. Во рударскиот сектор, кој учествува со 1,5 проценти во БДП на државата, се ангажирани околу 13.000 работници. Индексот на индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во период јануари - јуни годинава, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 3,5 проценти, а на бројот на работниците 1,4 проценти.
Ново на Сител
-

Две лица од Крива Паланка, едниот од нив малолетник, физички нападнале службени лица од АХВ
-

Захарова: Европа ќе биде првата жртва ако Зеленски добие нуклеарно оружје
-

Мицкоски: Намалувањето на ДДВ дава резултат, во понеделник очекувам поевтинување на бензините
-

Трамп најави дека Куба е „следна“
-

Прекумерната тежина е сериозна хронична болест во Македонија
-

Во Македонија горивата до 30 отсто поевтини отколку кај соседите
-

Во Турција уапсен претседател на македонски фудбалски клуб, шверцувал злато
-

Почнува летното сметање на времето
