Бизнис
9. January 2017 - 19:41

Рударството очекува успешна година

Рударите очекуваат уште една успешна година. Злетово и Тораница почнаа со производство во декември,  а со полна пареа и оваа 2017 та ќе работат Саса и Бучим.

Нема да продолжи со производоство само Фени, поради ниската содржина  на никел,  кој го прави работењето нерантабилно.

За подобро работење бараат итно донесување на Стратегија за развој на рударството како и редуцирање на отварањето на каменоломи на блиски растојанија. Го посочуваат и проблемот со дивиот  ископ на песокот од реките и од станбените блокови со кој се нанесуваат сериозни штети на економијата.

Кон крајот на ланската година беа вратени на работа сите 1000 рудари од Злетово и Тораница. Бугарската компанија Минстрој стана концесионер на рудниците.

Се работи на подобрување на условите за работа, и веќе има договори за набавка на нова опрема.

Цените на металите и оваа година се очекува да бидат ниски но стабилни. Ланската година имаше најнсики цени на металите во последните 10 години.

Во земјава има околу 13. 000 вработени рудари.