Руд ван Нистелрој: Дојде време за промена
Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Руд ван Нистелрој, зборуваше како не бил задоволен од прикажаното на своите фудбалери по победата од 2-0 против тимот на ПАОК во натпреварот од четвртото коло на Лига Европа.
„Доста слабо прво полувреме, благо кажано. Второто го одигравме многу подобро. Тоа е очигледно. Амад Дијало одигра клучна улога. Не само што постигна гол, туку и беше многу опасен во нападот. Не создадовме доволно шанси за Хојлунд пред паузата. Потоа се поправивме, но некои од центаршутевите не стигнаа до него“, посочи холандскиот стратег.
„Пред натпреварот им реков на момците дека Манчестер Јунајтед нема победено во европски натпревар на „Олд Трафорд“ една година. Не можевме да поверуваме. Дојде време за промена на ситуацијата. Ова е важен момент за клубот. За мене е важно да постигнувам резултати“, изјави Ван Нистелрој.
Во текот на репрезентативната пауза, Рубен Аморим ќе го преземе кормилото на Манчестер Јунајтед.
Ново на Сител
-
Делегација на ЕУ донира 6 еколошки автобуси на ЈСП
-
Владата очекува конструктивна средба Сиљановска-Филипче
-
80 години од прогласувањето на македонскиот јазик како службен
-
„Мојот антикорупциски дневник“ - Младите против корупцијата преку едукација и отпорност
-
Хотелиерите оптимисти околу изградбата на автопатот
-
Преглед на вестите од светот
-
Банките чекаат официјален допис, бизнисот условите за унгарскиот кредит
-
Тема на денот со Петар Арсовски