Рубио телефонски разговараше со Сибих и Баро за завршување на војната во Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа телефонски разговараше со украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибих и со францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро за завршување на војната во Украина, соопшти Стејт департментот.
Во соопштението се наведува дека во разговорот со Сибих, Рубио нагласил дека американскиот претседател Доналд Трамп е решен што поскоро да стави крај на војната во Украина и дека сите страни мора да преземат чекори за да обезбедат одржлив мир.
Претходно американскиот државен секретар разговараше и со Баро за „ставање крај на војната меѓу Русија и Украина“.
„Рубио ја нагласи решеноста на претседателот Трамп да постигне праведен и траен мир преку преговори и истакна дека САД ќе продолжат да работат со Франција на ова прашање“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.
Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна се сретна со Доналд Трамп во Белата куќа.
Ново на Сител
-

Апелација им ги зголеми казните на сите 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал со дете-жртва
-

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби својата мајка во Росоман
-

ЈОРСМ: За првпат потпишан поединечен Колективен договор за вработените во Јавното обвинителство
-

Иран: Секој агресор што ќе посегне по островот Харг ќе „оди во пеколот“
-

Кривична против 27-годишникот од Росоман за убиство на својата мајка
-

Мицкоски на средба со Орбан: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот
-

Мицкоски: Форумот во Будимпешта носи нови партнерства, Македонија меѓу водечките во Европа по инвестиции
-

Исчезнат скопјанец најден мртов, до него пронајден пиштол
