Рубио му пренел на Лавров дека САД можат да се откажат од мировен договор за Украина ако нема јасни знаци дека може да се постигне
САД треба да одлучат во рок од неколку дена дали договорот за прекин на огнот за ставање крај на војната во Украина е „остварлив“, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио.
По вчерашните разговори во Париз со европски и украински претстваници за тригодишниот конфликт во Украина, Рубио истакна дека САД ќе престанат да се обидуваат да постигнат мировен договор доколку не се појават јасни знаци дека тој може да се постигне.
Посочи дека американскиот претседател Доналд Трамп сè уште е заинтересиран за договор, но има многу други приоритети ширум светот и дека е подготвен да продолжи понатаму, но само ако има знаци за напредок.
На разговорите во Париз за конфликтот во Укатрина беа вклучени францускиот претседател Емануел Макрон, специјалниот американски пратеник Стив Виткоф, британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, германски официјални претставници и украински министри.
Нов состанок на претставниците на САД, Франција, Велика Британија, Германија и Украина ќе се одржи следната недела во Лондон.
Рубио по состаноците во Париз разговарал телефонски со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Американскиот Стејт департмент соопшти дека Рубио му ја пренел на Лавров истата истата порака што американскиот тим им ја кажал и на украинската делегација и европските сојузници во Париз.
– Претседателот Трамп и САД сакаат оваа војна да заврши и им ги претставија на сите страни контурите на траен и траен мир. Охрабрувачкиот прием во Париз за рамката на САД покажува дека мирот е можен доколку сите страни се обврзат да постигнат договор, му рекол Рубио на својот руски колега.
Во соопштението од руското Министерство за надворешни работи, пак, се вели дека Лавров „ја потврди подготвеноста на Москва да продолжи со заедничките напори со американските колеги за сеопфатно решавање на основните причини за украинската криза“.
– Лавров и Рубио се согласија за потребата од одржување на „брзи канали за комуникација“, во светло на состанокот во Лондон следната недела, се вели во соопштението
Ново на Сител
-
Израел се заканува дека ќе му го направи на Техеран она што му го направи на Хамас во Појасот Газа
-
Јермак: Украина и сојузниците разговараа како да извршат притисок врз Русија за 30-дневен прекин на огнот
-
Николоски: Арсовска целосно потфрли, ќе понудиме квалитетен кандидат за Скопје
-
Си Џинпинг пристигна во Кремљ на средба со рускиот колега Путин
-
Во Солун разбиена криминална радикално десничарска организација
-
Променливо облачно со сончеви периоди, најмногу дожд на Попова Шапка
-
Капитенот на ПСЖ: Знам колку боли пораз во финалето на ЛШ
-
ПСЖ со двојна победа над Арсенал обезбеди финале во Лигата на шампиони