Рубиалес парично казнет за бакнувањето фудбалерка
Шпанскиот суд го осуди денеска поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Шпанија, Луис Рубиалес на парична казна од 10.800 евра за присилно бакнување на фудбалерката Џени Хермосо, чин што судот го опиша како сексуален напад.
Обвинителството бараше две и пол години затвор за Рубиалес, но поранешниот прв човек на шпанскиот фудбал не беше прогласен виновен за кривичното дело заплашување на шпанската репрезентативка.
Рубиалес, кој беше принуден да се повлече по скандалот со бакнувањето, ќе мора да плати казна од 10.800 евра, што е противвредност на 20 евра дневно во текот на 18 месеци.
Рубиалес ја бакна фудбалерката Хермосо без нејзина согласност за време на церемонијата на доделување медали по финалето на Светското првенство во 2023 година во Сиднеј во кое Шпанија ја освои титулата.
Судот го ослободи него и уште тројца обвинети од обвиненијата за присилба за прикривање на скандалот.
Ново на Сител
-
Честитка од рускиот патријарх Кирил до архиепископот Охридски и Македонски Стефан
-
МЕРМС: Значителен раст во енергетскиот сектор во март 2025 година
-
Мицкоски и Перински во посета на Кавадарци во рамки на проектот „Каде што срцето е дома“
-
Бела куќа: Фондот со Украина ја покажува посветеноста на САД
-
Руски медиуми: Рубио ќе присуствува на воената парада во Москва
-
Пекинг: САД бараат разговори со Кина за царините на Трамп
-
Сончево и топло, попладне пороен дожд
-
Скопјанец силувал 15-годишен штитеник од установа за згрижување деца