РТК: Вонредните избори во Косово ќе се одржат на 8 септември

Државната радио-телевизија на Косово РТК, повикувајќи се на извори во кабинетот на претседателот на државата, објави дека вонредните избори, по оставката на премиерот Рамуш Харадинај, ќе се одржат на 8 септември годинава, јави дописникот на МИА од Приштина.
Изворите тврдат дека претседателот Хашим Тачи се одлучил за споменатиот датум согласно законските и уставните рокови.
По оставката на Харадинај, кој се повлече од премиерската функција поради поканата што ја доби од Специјалниот суд за воени злосторства во Хаг, опозицијата го повика претседателот да свика состанок со лидерите на парламентарните партии со цел да се одреди датумот за вонредните избори.
Истото барање до Тачи го постави и премиерот во заминување, кој во денешното интервју за Радио Слободна Европа рече дека треба да се почитуваат законските рокови и изборите да се одржат најдоцна за два месеци од сега.
Харадинај изјави дека во текот на денешниот ден, или најдоцна утре, за неговата оставка и официјално, односно написмено, ќе ги извести претседателот на државата и претседателот на Собранието, како и партнерите од владејачката коалиција.
Ново на Сител
-

Нема најави за питка вода во Гостивар, Тошковски апелира да се испушта водата од чешмите
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, пратеник на Левица
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
-

Осум дена притвор за кратовчанката што незаконски наплаќаше влез во „Куклица“
