РТК: Подготвуван атентат врз Курти во Скопје

Косовскиот премиер, Албин Курти, во изјава за косовските медиуми рекол дека на средбата што ја имал со сестринските социјалистички партии во Скопје, добил информации за бројни закани од поединци и структури кои имаат корени од официјален Белград, објави денеска Радио телевизија Косово, кои додаваат дека има информации за обид за атентат на Курти во Скопје.
,,Кога дојдов до Скопје не се чувствував загрозено, но видов дека има многу полициски сили кои беа загрижени за средбата која ја одржуваме, на која специјален гостин беше претставникот на германската СПД, Ларас Клингбеил'', истакнал Курти во изјава за косовските медиуми.
Од македонското МВР ги демантираа информациите.
,,Ве известуваме дека при посетата на премиерот на Република Косово, Албин Курти, во Скопје, немало обид за атентат врз него'', велат во одговорот кој го добивме од Министерството за внатрешни работи.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
