РСБСП: За време празникот 8 Декември, возете безбедно - стигнете сигурно!

По повод претстојниот празник 8 Декември – Денот на Свети Климент Охридски, а со оглед на тоа што претстои продолжен викенд и се очекува зголемен интензитет на сообраќајот на патиштата, особено на патните правци кои водат до туристичките места. Поради тоа, повикуваме на зголемена внимателност и одговорно учеството во сообраќајот.
Со цел безбедно пристигнување на саката дестинација, РСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја прилагодат брзината на движење согласно состојбата и условите на патот, да користат сигурносен појас, да не консумираат алкохол доколку планираат да возат, да ја проверат техничката исправност на возилото и истото да го подготват за патување во зимски услови, да ја поседуваат пропишаната законска зимска опрема и навремено да се информираат за состојбата на патиштата.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата потсетува дека празниците се време за создавање спомени и доживувања, семејни средби и дружење, а не време за непромислени одлуки кои може да завршат фатално.
Наша заедничка цел е секој граѓанин да пристигне безбедно на саканата дестинација.
Возете внимателно - секој живот е важен!
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
-

Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
-

Фондација Елеуса обезбеди Велигденски пакети за 220 семејства во социјален ризик
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
-

Владата со пакет мерки спречува раст на цената на горивата
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Јотова подготвува офанзива во Брисел против укинувањето на ветото во ЕУ
