РСБСП: Стоте најцрни денови во сообраќајот допрва доаѓаат
Стоте најцрни денови во сообраќајот допрва доаѓаат, апелираат од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и патиштата. Според нив минатата година во летниот период во сообраќајни незгоди животот го загубиле 65 лица што претставува околу 50 отсто од сообраќаните незгоди со фатални последици во однос на целата година.

- Досега според неофицијалните статистички податоци заклучно со 15 јуни оваа година, 36 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди на улиците и на патиштата во Република Македонија. Оваа година, во јуни, неофицијално, осум лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди. Секоја година, во периодот јуни - август, двојно се зголемува бројот на загинати и на повредени лица во сообраќајни незгоди, велат од РСБСП.
Тие како најчести причини за сообраќајни незгоди ги набројуваат брзото возење, неправилното престигнување, заморот, алкохолот, високите температури, некористењето на сигурносниот појас....
- Во сообраќајот нема простор, време и место за опуштање. Опасностите кои ги демнат сите учесници во сообраќајот во летниот период се сериозни. Време е да се освестат сите учесници во сообраќајот и сите заедно, со свест, разум и одговорност - да го направиме ова лето безбедно за патување. Безбедноста во сообраќајот зависи од сите учесници во сообраќајот, од секој од нас поединечно, пешак, велосипедист, мотоциклист, возач на моторно возило. Секој со своите постапки го прави сообраќајот повеќе или помалку безбеден. Затоа, секој треба добро да размисли, каков учесник е во сообраќајот и дали вреди да биде подобар и поодговорен, истакнуваат од РСБСП.
Ново на Сител
-

Туск: Нема да прифатиме договор за безбедност што САД и Русија ќе го преговараат без ЕУ
-

Во меѓународна акција на Европол уапсени 354 лица поврзани со продажба на нелегална стока на „дарк веб“
-

Македонските фудбалери гостуваат на Шкотска во дуел од Лигата на нациите
-

За само пет часа казнети 147 пешаци кои преминувале улица надвор од пешачки премин
-

Победи за Англија, Шпанија и Италија во Лигата на нациите
-

Глобален прекин на услугите на „Мајкрософт“, проблеми за корисниците на „Аутлук“ и „Тимс“
-

САД управувале со повеќе од 12 милијарди долари од венецуелска нафта
-

Трамп вели дека сака да го „реши прашањето“ со Куба пред да му заврши мандатот
