РСБСП: Пешаците да не се движат со рацете во џеб и да носат соодветни обувки
Движете се по тротоарот секогаш кога е можно, а ако не е, користете го крајниот лев раб од коловозот и следете ги возилата кои ви доаѓаат од спротивната страна. Не го бркајте зеленото светло за пешаци или автобусот, избегнувајте да носите торби и други предмети кои ја нарушуваат вашата рамнотежа, никогаш не се движете со рацете во џеб, секогаш преминувајте ја улицата на пешачки премин. Преминувањето надвор од пешачкиот премин е крајно опасно, особено во услови на намалена видливост и тоа сериозно може да влијае на вашата безбедност во сообраќајот.
Ова се само дел од советите за пешаците што ги изготви Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) со цел нивно безбедно движење во зимски услови, на снег, мраз и минусни температури.
- Настојувајте секое движење да ви е внимателно испланирано и не ризикувајте со изборот на „скратен пат“. Пред да се решите да стапнете на улицата, имајте предвид дека на возилата им е потребно повеќе време да запрат и сопирачкиот пат е подолг од вообичаено. Не ја преминувајте улицата додека не сте сигурни дека возилата кои се движат по коловозот ве забележале и се во состојба безбедно да го запрат своето возило, препорачува РСБСП.
Пешаците, нагласува РСБСП, треба да носат и соодветни обувки, да чекорат бавно и сигурно со целото стапало. - Соодветните обувки му овозможуваат на пешакот да чекори со целото стапало и да има добар и стабилен контакт со подлогата по која се движи. Обувките треба да се со соодветна потпора и да не се лизгаат на снег, додава РСБСП.
Според Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот, пешачките премини може да бидат доста опасни и при самото разминување на пешаците.
- Внимавајте каде чекорите. Гледајте пред себе и пропуштете го пешакот кој ви доаѓа од спротива. При преминување на улицата немојте да застанувате меѓу двете коловозни ленти зашто возачите не ве очекуваат таму и може да бидете удрени од возило кое се движи по влажен и лизгав коловоз. Бидете особено внимателни кога се качувате или излегувате од автобус или автомобил или кога се движите помеѓу паркирани возила и излегувате на улица, носете светла облека со рефлектирачки додатоци особено во рани зори и во приквечерието, истакнува РСБСП.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, покрај овие совети, апелира до пешаците на максимално одговорно учество и на љубезност во сообраќајот.
- Внимателно учество во сообраќајот не е грижа само на возачите. Секој од нас има обврска да се грижи за својата безбедност и да дава личен придонес за непречено одвивање на сообраќајот, додава РСБСП и потсетува дека е битно и љубезното однесување во сообраќајот.
Според статистиките, секоја година околу една четвртина од вкупниот број жртви во сообраќајот се пешаци.
Ново на Сител
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето