РСБСП го осудува уништувањето на сообраќајната сигнализација
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) го осудува секој чин на уништување на сообраќајната сигнализација затоа што на тој начин директно се загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот.
Ова денеска го изјави секретарот на РСБСП Ристо Манчев, кој апелираше до надлежните институции веднаш да преземат мерки за поставување на сообраќајната сигнализација, согласно сообраќајните правила и прописи.
Според него, треба одговорност и свесност зашто граѓаните на Република Македонија може да платат со својот живот.
- Уништувањето на сообраќајната сигнализација нема и не може да има никакво оправдување и тоа претставува непочитување на животот, здравјето и безбедноста на учесниците во сообраќајот, рече Манчев.
Тој апелираше до матурантите да бидат внимателни и одговорни учесници во сообраќајот и да не користат моторно возило за време на матурските вечери.
- Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возачите почетници немаат право да управуваат моторно возило во периодот од 23 до 5 часот наутро. Толеранцијата на алкохол е нула, потенцира Манчев.
Ново на Сител
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино
-
Коцевски: Досега нема ниту еден доказ дека било побарано продолжување на лиценцата на „Пулс“ од актуелниот министер за економија