Розови тролејбуси наменети само за жени
Управата на градот Малатија на југоистокот на Турција пушта во промет нови розови тролејбуси, наменети само за жени, јавува турскиот опозициски весник „Бирѓун" во напис под наслов „Не бојата на возилото, туку главата треба да ви се промени".
Според градоначалникот на Малатија Ахмет Чакар, промените во градскиот превоз се случуваат на барање на одредени општествени групи. Имено, возниот парк на општината ќе биде проширен за 12 тролејбуси, од кои два ќе бидат наменети само за жени.
- Розовата боја ќе го симболизира ненасилството врз жените, вели Чакар.
Пратеничката од опозициската Народнорепубликанска партија, Ајлин Назлиака, и Ѓулсум Кав од платформата „Да го запреме насилството врз жените", велат дека проблемот нема да се реши со воведување „розов градски транспорт".
- Не сакаме посебни автобуси за жените, туку рамноправност за претставничките на понежниот пол, се согласуваат двете општественички, како што пренесува весникот.
Ново на Сител
-
СДСМ предлага закон за зголемување на платите
-
Левица: Плата да се исплаќа до 5ти во месецот
-
Научна конференција: Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење
-
Дневен центар за пензионери во Охрид
-
Прилепските извидници прославија 10 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски