Розберг: Како на „Јас Марина“ во Абу Даби!?
В недела 27.11 се во Абу Даби се вози последната трка од шампионатот во Ф-1 по која ќе биде познат новиот шампион. Најблиску до својата прва титула е Нико Розберг на кого за славје му е потребна најмалку третата позиција на табелата. Розберг кој има 12 бодови повеќе од клубскиот колега од Мерцедес и бранител на титулата Луис Хамилтон изјави дека нема идеја како да ја вози ГН на ОАЕ:
„Не знам како да и пристапам на последната трка. Ќе известам пред трката кога ќе имам став. Ќе биде тежок викенд како и секогаш, ништо не е лесно во Ф-1“- рече Розберг.
Хамилтон во финишот од сезоната влезе во подобра форма, славеше на претходните три трки и го намали заостанувањето откако претходно загуби драгоцени бодови поради проблеми со моторот.
Решавачката трка се вози на 27. ноември на патеката Јас Марина во Абу Даби каде минатата година славеше токму Розберг пред Хамилтон.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, Транспаренси Интернешнл Македонија
-
Партнерот на Рамајана ја убил пред 5-годишната ќерка
-
Пред утрешната средба, Мицкоски бара Таравари јасно да каже дали соработува со Ахмети
-
Мицкоски и Филипче го повикаа Ахмети да се повлече од идеите за дестабилизација
-
Мицкоски: Имаше обид за инженеринг за вистината за Делчев
-
Имало ли пријави за насилство?
-
Возачот кој на пешачки ја удри Фросина Кулакова седнува во судница
-
Велосипедско возење во знак на поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани