Роверот „Упорност“ откри органски соедниненија на Марс
Роверот „Упорност“ (Perseverance), којшто беше испратен на Марс од американската вселенска агенција НАСА, пронајде остатоци од органски соединенија на „Црвената Планета“.
Органските молекули како оние забележани во кратерот Језеро содржат атоми на јаглерод и водород. Тоа се клучните компоненти на животот каков што го знаеме на Земјата. Но, како што се истакнува, ова не мора да значи дека некогаш постоел живот на Марс. Овие соединенија би можеле да се развијат и на небиолошки начини. Сепак, резултатите укажуваат на изненадувачки сложени органски услови за „клучните градива на животот“ во својот зародиш.
– Ова е возбудлива трага за астробиолозите, бидејќи тие (наоди, б.п.) главно се сметаат за градивни елементи на животот. Важно е да се знае дека, исто така, тие можат да бидат создадени од процеси што не се поврзани со животот каков што го знаеме, така што органските молекули не се доказ за живот сами по себе, без дополнителни докази кои не можат да се објаснат со небиолошки, односно биотски процеси, изјави еден од авторите на истражувањето, Џозеф Разел Холис од британскиот Природонаучен музеј во Лондон.
„Упорност“ е првиот ровер што го истражува кратерот Језеро, а тоа почна во февруари 2021 година. Истражувачите веруваат дека некогаш во кратерот имало езеро, како и делта на реката што се влевала во него. Тоа е еден од најверојатните области во коишто може да има остатоци од знаци на живот на Марс. Следи дополнително истражување на молекулите и нивното потекло.
„Ако овие примероци се пренесат на наше копно во лабораторија, во истражувањата може да се користат поразновидни алатки, како и поголема просторна резолуција со многу поголема специфичност и чувствителност“, велат авторите на написот.
– Досега единствените карпи на Марс што можеме да ги проучуваме на Земјата беа всушност метеоритите. Пристапот до недопрените карпи на Марс, внимателно сместени, складирани и заштитени од контаминација, ќе биде од непроценливо значење за планетарнава наука, додаде Разел Холис.
Имено, научниците велат – ќе треба да се почека на мисијата за пренос на примероците на Земјата, наречена „Марс сампл ретурн“ (МСР), којашто би требало да биде допрва испратена оттука, и тоа најрано кон крајот на 2020-тите.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе
-
Едно лице загина, 13 се повредени во напад на руски дрон врз Одеса
-
„Ел Гол Дигитал“: Голем број ѕвезди на Реал се изјаснија за оставка на Анчелоти
-
Голема акција: Запленети 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази, пиштол, куршуми
-
Палестинскиот претседател подготвен на соработка со Трамп за завршување на војната во Газа
-
МВР: Лишен од слобода криумчар на мигранти