Loading Video...
Свет
20. November 2021 - 16:29

Ротердам: Полицијата со истрели растерувала демонстранти

Полицијата во Ротердам синоќа пукаше кон демонстрантите за да го сопре насилството што изби на улиците на Ротердам. Холандската полиција ретко пука, но синоќа имало и предупредувачки истрели и истрели кон топлата. Повредени се седум лица, меѓу нив и полицајци, а уапсени се дваесетина демонстранти. Ситуацијата била ставена под контрола дури час и половина по полноќ, а во акцијата учествувале стотина полицајци од целата земја.

Протестите во Ротердам се против новите епидемилошки мерки кои ги наложија властите заради зголемениот број ковид позитивни. По насилството синоќа, денешниот протест во Амстредам е откажан.