Рот: Се надевам на позитивна оценка на Бундестагот до октомври
Германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот изјави дека стратегијата за проширување е од голема важност за ЕУ и се заложи за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија „колку е можно побрзо“.
Тој по пристигнувањето на Советот на министри на ЕУ во Луксембург истакна дека на германскиот Парламент, Бундестаг, му е потребно време да го разгледа извештајот на Европската комисија и да даде „зелено светло“.
– Разбирам дека се работи за важни прашања за партнерските земји, но мораме да му дадеме време на Бундестагот. Се надевам на позитивен исход колку е можно побрзо, до октомври, нагласи Рот.
Тој најави дека ќе се разговара за извештајот за напредок на земјите во процесот за пристапување во ЕУ, кој минатиот месец го објави ЕК, а посебно го нагласи позитивниот развој на настаните во Северна Македонија и Албанија.
– Пред една година во Луксембург им дадовме на двете земји задачи и мое мислење е дека тие ги исполнија, изјави германскиот министер.
Рот посебно го потенцира постигнувањето на Преспанскиот договор меѓу Скопје и Атина , кој според него претставува пример за храброст и подготвеност за помирување по речиси 30 години несогласување.
– Нашата позиција е најбрзо што може да се договориме за почеток на пристапните преговори. Во прашање е почеток на долги и тешки преговори, но станува збор за кредибилитетот на ЕУ и стабилизирање на демократијата, владеењето на правото и слободата на медиумите во овие две земји кои нема да функционираат без ЕУ, заклучува Рот
Ново на Сител
-

Хакиран мејлот на министерот за здравство на Грција – во негово име „нарачале“ 200 луксузни автомобили и 25 оружја
-

ЕУ воведува ограничување за токсинот цереулид во храната за бебиња
-

Со богослужби и свечена академија ќе бидат одбележани 130 години од храмот „Свети Димитриј“
-

Јаневска: Врсничкото насилство бара заедничка одговорност, родителите мора повеќе да се вклучат
-

Италија планира да ги казнува возачите кои возат пребавно во левата лента
-

Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово
-

36-годишник уценувал девојка со интимни фотографии, барал пари и сексуални услуги
-

16-годишна прилепчанка пријавила дека била претепана од партнерот и неговиот татко

