Рот: ЕУ треба да ги исполни ветувањата кон Северна Македонија

Европската унија треба да ги исполни ветувањата дадени кон земјите од Западен Балкан, вели државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот во врска со вчерашната оценка на Европската комисија дека Северна Македонија и Албанија ги исполнија условите за почеток на преговорите за членство во Унијата.
– Во Северна Македонија и Албанија беше направен видлив напредок. Сега е ред на ЕУ да испорача. Ние треба да си стоиме на зборот и треба да ги исполниме нашите ветувања, пишува Рот во колумна за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
Наспроти ваквиот став на Рот, германскиот весник потсетува на изјавата на пратеникот од владејачката ЦДУ Гунтер Крихбаум дека одлуката за почеток на преговорите тешко ќе биде донесена пред октомври, бидејќи препораката мора да помине во германскиот Бундестаг и парламентите на 28 земји членки на ЕУ, а за тоа, како што вели, потребно е време.

Европратеникот од германската ЦДУ, Елмар Брок, пак, за МИА вчера изјави дека преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија треба да почнат без одложување. Брок, сепак, призна дека конечната одлука која треба да ја донесат земјите членки на Унијата би можела да биде одложена за некој месец.
-Владите имаат други работи поради ситуацијата во која се наоѓа ЕУ, не можам да кажам точно дали ќе биде јуни или септември, но треба да започнеме преговори со Северна Македонија позитивно сега кога спорот за името е решено, изјави Брок.
Европската комисија вчера даде безусловна препорака за почнување на преговорите со Скопје и Тирана. Еврокомесарот Јоханес Хан и високата претставничка Федерика Могерини кажаа дека двете земји го исполниле својот дел од работата и оти сега на ред е ЕУ.
Се очекува конечната одлука за стартот на преговорите да се знае по состанокот на Советот на ЕУ на 18 јуни во Луксембург.
Ново на Сител
-

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори
-

Лишени од слобода осум лица за поседување дрога
-

,,Алкохолот и воланот не се добар пар" - превентивна активност на СВР Тетово
-

Ѓорѓиевски: Циборовски го зачува духот на Старата скопска чаршија, наша обврска е да ја чуваме
-

Во Велес одбележани 80 години од смртта на хероината Мирка Гинова
-

Преку отворен прозор ја фатил својата мајка и со возилото ја влечел 20 метри, приведен 24 годишник
-

Мицкоски: Утре се очекува соопштение дека водата во Гостивар е технички исправна
-

Трагедија: 16 годишно момче почина откако ја изгубило свеста
