-->
-->
Ростов подобар од Вардар во финалето
-->

Ракометарките на руската екипа Ростов се победнички на турнирот „Вардар 2017“ откако во финалето вечерва го совладаа домаќинот ЖРК Вардар со 33:26. Екипата од Русија имаше постојано воство во финалниот натпревар, а со овој триумф му се реваншираше на Вардар за поразот во финалето пред две години на истиот турнир. Најефикасна на натпреварот беше Барбоса од Ростов со 12 гола.
Покрај пехарот за освоеното прво место и паричната награда од 5.000 евра, во витрините на Ростов заминаа и две индивидуални награди.
Најдобар стрелец на турнирот е Александрина Барбоса од Ростов која постигна 21 гол. Најдобар голман е Мајса Песоа од Ростов. Најдобар играч е Андреа Пенезиќ од Вардар.
Во дуелот за 3.место Букурешт го победи Будуќност со 31:21, додека во натпреварот за 5.место Одензе го совлада Кубан со 36:28.
фото: www.zrkvardar.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Унијата ќе воведе радикални мерки за штедење
-

Сејф сити: Зголемен бројот на прекршоци во март во споредба со февруари
-

Објавен оглас за прием на нови 300 професионални војници - армијата го одбележа денот на Првата пешадиска бригада
-

Ахмети: Секој што ќе го допре албанскиот јазик ќе добие одговор
-

Стартува изградбата на далекуводот Битола - Елбасан
-

Иднината на работата во ерата на вештачката интелегенција
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за самоубиството во Карпош
