-->
-->
Росоман и селата Манастирец и Рибарци без вода за пиење поради дефект
-->

Поради дефект на водоводната линија во Кавадарци, без вода за пиење од регионалниот водовод „Лукар” денеска останаа жителите на Росоман и селата Манастирец и Рибарци.
- Наши работници интензивно работат на отстранување на дефектот и се очекува во најскоро време проблемот да биде надминат, рече Марјан Прескакулев, раководител на организационата единица за водовод, при јавното претпријатие Комуналец од Кавадарци.
Прескакулев информираше исто така дека поради топлото време во изминатите неколку дена, се зголемила и потрошувачката на вода за пиење. Инаку, работници на комуналното претпријатие биле ангажирани и на реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Праведничка” во Кавадарци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
