Рони Вуд подложен на операција на рак на белите дробови
Гитаристот на британската рок група „Ролинг Стоунс“, Рони Вуд откри дека минатава пролет бил подложен на итна операција, откако лекарите утврдиле канцер на неговите бели дробови.
- Се борев со канцерот на белите дробови, изјави Вуд за „Ивент“, неделен прилог на британскиот дневник „Дејли Мејл“.
Вуд рече дека заминал на рутиснка контрола кај лекарот во мај пред турнејата на бендот, кога му бил откриен канцерот на левото белодробно крило.
По една недела, откако резултатите од тестовите покажале дека канцерот не се шири, тој одлучил да не оди на хемотерапија за да не остане без коса, туку се подложил на итна операција за остранување на дел од белодробното крило.
- Сега сум добро, но морам да одам на контрола на секои три месеци, изјави Вуд, додаде дека имал „луда среќа“. - Секогаш сум имал ангел чувар, инаку по сите правила не би требало да сум се уште тука, додаде Вуд.
Нешто пред роденденот на своите ќерки близначки, во мај минатата година, Вуд ги остви цигарите, алкохолот и дрогата, но со децении пред тоа живееше „рокерски стил“ на живот.
Рони Вуд е најмладиот член на групата „Ролинг Стоунс“, на која и се придружи во 1975 година.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа