-->
-->
Роналдо во Реал до 2021 година
-->
Кристијано Роналдо го продолжи договорот со Реал Мадрид ндо 2021 година.
Иако Португалецот потпиша нов пет годишен договор со Реал Мадрид, до 2021 година кога ќе има 36 години, Роналдо најави дека тоа нема да биде крајот на неговата кариера.
„Кристијано Роналдо потпиша нов договор со Реал Мадрид со траење до 30. јуни 2021 година“ - стои во соопштението на клубот.
Роналдо вели дека е среќен во Реал Мадрид и потврди дека ова не е неговиот последен договор, би играл до 41 година.
„Сакам да играм до 41 година. Тука го сретнав Ди Стефано кој ми рече „продолжи како шампион, ти си најдобриот“ - вели Роналдо.
„Имам уште десет години фудбал во мене, не можам да потврдам дека и на 40 години ќе бидам во Реал Мадрид, не можам да играм тука вечно, не знам дали ќе ме сакаат тука и тогаш“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата