Џет-Сет
11. јуни 2018 - 12:18

Роналдо дочекан со леб и сол во Русија: Кога Португалецот ја проба погачата настана шоу

Фудбалските ѕвезди пристигнуваат на Светското првенство во Русија, а една од најголемите е Португлаецот Кристијано Роналдо, кој е дочекан на за него невообичаен начин.

Како шампиони на Европа, Португалците имаа и специјален дочек, откако ги пречека традиционален приме со погача и сол - карактеристичен за словенските народи.

Девојката во народна носија од Русија ги послужи со погача и сол прво Кристијано Роналдо, кој малку се збуни. Не знаеше точно што треба да прави, а потоа го погледна тренерот Фернандо Сантос како го прави тоа, па ја посоли погачата па потоа ја јадеше.

Кога го проголта почна да се смее и да кажува шеги, на што почнаа да се смеат и неговите соиграчи.

Португалија првиот меч на првенството го игра на 15. јуни и во прашање е дерби од 1. коло против Шпанија.

 

Kurir sport