„Ромски бал“ во Скопје по повод Василица
По повод Василица, а во организација на општина Шуто Оризари вечер во Скопје ќе се одржи традиционалната манифестација „Ромски бал“ со која се одбележува ромскиот василичарски празник преку дружење, ромска музика, песни и ора.
Специјален гостин во делот на забавно-музичкиот дел ќе биде Адил Максутович од Србија, а на балот ќе учествуваат Роми од државава и странство, директори, политичари и јавни личности.
Ромскиот василичарски празник се празнува со векови наназад со концерти, балови и слично. Празникот се одбележува во период од 12 до 17 јануари. Во овие денови во минатото се одбележувал „Денот на гуската“ како сеќавање на легендата во која се вели дека Роми бегајќи од теророт на освојувачите во минатото дошле до Големата вода и при преминување на копното, Бог, за да ги спаси, им пуштил гуски за да го преминат морето.
Ново на Сител
-
Пратениците расправаат за интерпелација на министерот Тошковски
-
Николоски: Предвремени избори нема да има
-
СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски лично се јавувал за неговиот брат да не биде казнет?
-
Мерката замрзнати маржи истекува утре, ако цените растат владата ќе донесе нови мерки
-
Наумоски: Концесијата нема да ги заштити ендемичните риби
-
Преглед на вестите од светот
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност