-->
-->
Ромео и Јулија од Сараево: Љубовна приказна која трае 23 години по нивната смрт!
-->
Таа беше муслиманка, а тој православен Србин. Адмира Исмиќ и Бошко Бато Бркиќ имаа само 25 години и бескрајно се сакаа, но во смрт заминаа заедно и прегрнати.
Се подготвуваа за нивната венчавка, но не беа подготвени за омраза, лудило и агресии, кои во тој период владееја во Сараево.
Сакале да заминат каде што ќе имаат нормален живот, исполнет само со љубов. На 18. мај 1993. година тргнаа во потрага по слобода. Околу 17 часот, пристигнале на мостот Врбања.
Протрчале преку него држејќи се за рака. Но еден куршум го погоди Бошко, кој падна на мостот. Вториот куршум ја погоди Адмира.
Смртно ранета ползела до својот сакан и го гушнала. Нивните тела седум дена лежеле на мостот. УНПРОФОР одбил да ги повлече телата, се додека не се прогласи примирје.
По седум дена, нивните прегрнати тела се земени и погребани на гробиштата во Лукавица.
По војната во 1996.година, по желба на родителите на Адмира, телата се префрлени во Сараево и погребани заедно.
Нивните убијци, никогаш не се пронајдени. Вистината за трагичната љубовна приказна меѓу овој млад пар, ја објавија сите медиуми во светот. За нив се пишувани книги, снимени се и филмови.
Наречени се Јулија и Ромео од Сараево. Цели 23 години од нивната смрт, светот се уште зборува за оваа трагична љубовна приказна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен штипјанец по пријава дека физички ја нападнал сопругата
-
Сиљановска-Давкова: Компромисите со меѓународното право и принципи можат да го компромитираат европскиот и светскиот мир
-
Декларацијата на самитот во Украина најверојатно нема да биде потпишана од сите учесници
-
Кулеба: Во нацрт-изјавата од самитот во Швајцарија беа земени предвид ставовите на Украина
-
Песков: Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина
-
САД уништи седум радари на територијата контролирана од Хутите
-
Ханије: Подготвени сме за сеопфатен договор, во согласност со планот на САД
-
ЦУК: Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата