Романското МНР - цел на „хируршки“ изведен кибер напад
Претставник на романската служба за борба против кибер-криминал потврди дека Министерството за надворешни работи на земјата било предмет на „хируршки, прецизен, специјализиран“ кибер напад, најверојатно организиран од друга држава.
Антон Рог, шеф на владиниот центар за киберзашита Сајбиринт, изјави дека овој напад е „потенцијална постојана закана", додавајќи дека „по правило, зад таков вид напад, стои друга држава" и тие чинат милиони долари, па дури и стотици милиони.
Рог денеска изјави дека нападот извршен во петокот, е откриен и проблемот е „решен". Тој одби да ги соопшти претпоставките за тоа кои се можните напаѓачи на електронската пошта на вработените во Министерството, изведен со помош на меил, направен да изгледа дека доаѓа од вработен на НАТО.
Рог изјави дека е „многу, многу тешко, дури и невозможно" да се идентификува сторителот на кибер нападите.
Ново на Сител
-
Задушница - спомен за починатите
-
Бесплатен разглед на Скопје и Битола по повод Светскиот ден на туристички водичи
-
Студено утро, преку ден сончево со мала облачност
-
Состојба на патишта
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната