Романското Министерство за правда организира јавна расправа за спорните одредби за помилувања
Романското Министерство за правда денеска организира јавна расправа за двата предлога за вонредни одлучувања во областа на правосудството, кои во последните недели предизвикаа бран од протести во земјата, соопшти весникот „Романија либера“.
Нормативните акти предвидуваат помилување на илјадници осудени лица и измени во Кривичниот кодекс, кои ќе ги отежнат истрагите за злоупотреба на службената положба.
За дебатирање се пријавиле 200 лица, а дозволено е и присуство на новинарите, и покрај тоа што првично беше соопштено дека тие нема да имаат пристап до дискусиите.
Денешните дебати доаѓаат еден ден откако најмалку 50.000 Романци излегоа на протест во Букурешт, а десетици илјади протестираа во другите романски градови против спорните предлог законски одредби.
За време на консултациите, закажани за 10 часот, исто така, е планиран протест пред зградата на министерството. Организаторите на протестот денешните консултации ги нарекуваат „симулација“ и „циркус“.
Ново на Сител
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче
-
Загадениот воздух ја полни клиниката за пулмологија
-
Граѓаните спас од загадениот воздух бараат и кај народниот правобранител
-
Брзото возење главна причина за сообраќајните несреќи во Југоистокот
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата