-->
-->
Романскиот претседател го загуби судскиот спор за недвижен имот во градот Сибиу
-->

Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска го загуби долгогодишниот судски спор за сопственост на куќа во центарот на градо Сибиу, пишува весникот „Евениментул зилеј“.
Апелацискиот суд во градот Питешт ја отфрли жалбата на семејството Јоханис за одлуката на Апелациониот суд во градот Брашов од ноември 2015 година, според која тие го губат правот на сопственоста над имотот, што го купиле во 1999 година.
Семејството Јоханис месечно зема околу 5.000 евра наем од тој имот, каде се наоѓаат канцелариите на една банка.
Со загубата на предметот, романскиот претседател треба да и ги врати на државата земените наеми од имотот.
Одлуката е конечна, а процесот трае повеќе од 16 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривични пријави за 6 лица од стоматолошката комора - заработиле половина милион евра со злоупотреби на лиценци
-

Михаела Доцова избрана за претседател на бугарскиот Парламент
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Се поставуваат камери од „Безбеден град“ во Охрид и Струга
-

Маржите за ѓубривата замрзнати, цените растат
-

Земјоделците ја поздравуваат мерката за поевтини ѓубрива, но бараат и засилен надзор од инспекциските служби
-

Преглед на вестите од светот
-

Се укинува Пржинската влада
