-->
-->
Романскиот премиер ги отфрли информациите дека земјата ќе прими 7.000 мигранти
-->
Романскиот премиер Виктор Понта ги демантираше информациите во медиумите, според кои Романија ќе прими 7.000 мигранти, објави информативниот сајт „Зиаре“.
Британскиот дневен весник „Дејли мејл“ вчера објави дека Европската унија веќе донела решение за бројот на бегалците, кои секоја земја членка треба да ги прими, така што за Романија таа бројка е близу 7.000 лица.
Понта, за телевизијата Романија ТВ, синоќа изјави дека владата на Романија не располага со официјален документ, што содржи точни бројки.
Според британскиот весник „Дејли мејл“ Романија треба да прими 6.937 бегалци согласно квотата од 3,7 проценти. Тоа го предвидува планот, усвоен од европските лидери за распоредување на 160 илјади бегалци на континентот, наведува весникот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Подготвен сум да разговарам за обединување околу стратешките цели
-
Преглед на вестите од светот
-
Традиција од Рим за први јануари
-
Новогодишно капење во Барселона
-
Среќна Нова 2025 Година
-
Спекакуларни прослави за новогодишната ноќ
-
Првото бебе на скопска Гинекологија е машко
-
Новогодишната ноќ минала мирно без поголеми инциденти