Романски научници ќе „принтаат“ човечки органи на првиот биолошки принтер во Источна Европа
Првиот биолошки принтер во Романија и во цела Источна Европа, што ќе „принта“ човечки материјал, е проектиран и реализиран во западниот романски град Темишвар. Во следниот период ќе престојат тестирања во центарот за медицински истражувања ОнкоЏен, информира весникот Адеверул“.
Романскиот претседател Клаус Јоханис, кој во понеделникот го посети главниот град на областа Банат, на крајот од својата посета, изјави дека заедно со „универзитетскиот Темишвар“ и „културниот Темишвар“, исто така, открил и еден „научен Темишвар“.
- Темишвар е град на иновациите и конкурентната оспособност, изјави Јоханис на излегување од центарот за медицински истражувања ОнкоЏен, изграден со инвестиција од 12 милиони евра (од европските фондови) и отворен минатата година.
Претседателот беше изненаден од сознанието дека во седаштето на ОнкоЏен во Темишвар се работи на инсталирање на првиот биопринтер во Романија и во Источна Европа.
Иако изгледа како да излегол од научно-фантастичните филмови, овој принтер ќе „принта“ човечки материјал, а напредната технологија ќе овозможи производство на синџири клетки за уши, нос, кожа, крвоносни садови и органи, забележува весникот.
Раководителите на проектот од компанијата „Symme3D“, кои, исто така, по првпат во Романија создале принтери за смола (пластмаса) и за метал, наведуваат дека ќе ја продолжат нагорната тенденција, почната уште со создавањето на фирмата.
- Сега, по првпат во Романија го подготвуваме 3D биолошкиот принтер, што ќе биде 100-отсто романски, изјави Калин Брандабур, извршен директор на фирмата.
Тој прецизираше дека заедно со медицинарите и истражувачите од научниот центар во Темишвар работат на проектот за принтање во прво време на р’скавици, кои се слабо крвоносни, „а откако тестирањата ќе се зголемат и во зависност од постигнатите резултати врз нос, уши, колена, можеме да преминеме и кон принтање кожа, мали органи и крвоносни садови“.
Ново на Сител
-
Во Србија одбележуваат Видовден - Владата на централна прослава во Крушевац, студенти на протести
-
Стапува во сила Европскиот закон за пристапност за лицата со попреченост
-
Трамп: Ќе го решам конфликтот со Северна Кореја
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути
-
Роналдо го обнови договорот со Ал-Наср до 2027 година
-
Авионска дезинсекција против комарци денеска и утре во Скопје
-
Сончево со мала до умерена облачност и благ пад на температурите
-
Трамп: Ќе се случи нешто во Украина, работите ќе се средат