Балкан
13. September 2017 - 14:00

Романската крајбрежна стража спаси 157 мигранти од Црно Море

Романската крајбрежна стража, од рѓосан брод што пловел по Црно Море спаси 157 ирачки и ирански мигранти, меѓу кои и 53 деца. 

Романските власти вчера го забележале бродот што пловел во територијалните води на Романија. Откако од бродот бил испратен сигнал два брода на крајбрежната стража се упатиле кон него.

Бродот утринава бил извлечен до пристаништетот Констанца. Силниот ветер и високите бранови ја отежнале спасувачката операција.