Романската Агенција за телекомуникации бара суспензија на „Тикток“ поради изборите
Заменик-шефот на романската агенција за телекомуникации, Павел Попеску, рече дека официјалниот процес за суспендирање на платформата ТикТок низ цела Романија ќе започне денеска, во очекување на истрага за улогата што таа мрежа ја одигра во првиот круг од претседателските избори одржани во неделата.
„Повикувам платформата ТикТок да биде суспендирана во Романија од 28 ноември додека државните институции не ја завршат истрагата поврзана со манипулацијата со изборниот процес“, изјави Попеску.
Тој додаде дека официјалниот процес за таа цел ќе почне денеска. Првиот круг од претседателските избори во Романија се одржа во неделата, но ниту еден кандидат не освои мнозинство од гласовите.
Кандидатот на десницата Калин Ѓорѓеску и лидерката на опозицијата Елена Ласчони се пласираа во вториот круг од претседателските избори во Романија.
Ѓорѓеску освои 22,95 отсто од гласовите, а Ласиони 19,2 отсто. Вториот круг од претседателските избори ќе се одржи на 8 декември.
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар