Романот „Каде што реката го бакнува небото“ вечерва на промоција во Делчево

Со промоција на книга, вечерва во Делчево продолжуваат активностите по повод одбележувањето на „Октомври – Месец на книгата“. За таа цел, како што информираше Билјана Петровска, директорка на Јавната локална библиотека „Илинден“, ќе биде промовиран најновиот роман на писателката Билјана Тинтоска од Прилеп.
-Вечерва љубителите на убавиот пишан збор ќе го имаат ексклузивното право да се запознаат со новиот роман „Каде што реката го бакнува небото“, на писателката Бијана Тинтоска, но и со нејзиното творештво. Главната тема во романот на Тинтоска е возвишеноста на љубовта во сите нејзини облици. Ова е втор роман на Тинтоска со ваква содржина, откако претходно го има издадено нејзиното првенче „Овде или во Вечноста“, истакна Петровска.
Билјана Тинтоска професионално е вљубеник во македонската реч, литература и јазик. Таа е професор по македонски јазик во СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп. Ментор е на драмската секција во училиштето, голем вљубеник на книгата и одличен познавач на пишаниот збор, која со литература се занимава од нејзиното детство.
Промоцијата во Делчево ќе се одржи во читалната на градската библиотека, вечерва, 29 октомври 2019, со почеток во 19 часот.
Ново на Сител
-

Пратениците не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот Тошковски
-

Преглед на вестите од светот
-

По третпат интерпелација за Тошковски во Собранието
-

Бугарскиот амбасадор повикан во македонското МНР за дипломатската нота за семејството на премиерот
-

„Везилка“ почнува со работа
-

Филипче: Загрозен вториот пензиски столб, дупката во ПИОМ е 40%
-

ПИОМ по ревизорскиот извештај – Редовноста на пензиите не е доведена во прашање
-

За околу 300 евра повисоки плати ќе добијат уставните судии ако нема законски измени
