Романија: АЛДЕ ја повлече поддршката за владата на Гриндеану
Помалиот коалициски партнер на Социјалдемократската партија на Романија (ПСД) - Алијансата на либералите и демократите (АЛДЕ), ја повлече политичката поддршка за Владата на премиерот Сорин Гриндеану, изјави лидерот на партијта Калин Попеску Таричану.
Таричану наведе дека министрите од АЛДЕ се подготвени да поднесат оставка.
Националниот извршен комитет на социјалдемократите денеска се собра на заседание со цел да одлучи за судбината на кабинетот на Гриндеану.
Романските медиуми јавија дека лидерот на СДП Ливиу Драгнеа планира да ја турне сопствената Влада само половина година откако стапи на должност.
Медиумите тврдат дека лидерот на социјалдемократите се заканил дека ќе ја повлече политичката поддршка за Владата, бидејќи бил незадоволен од доцнењето на мерките од програмата за управувањето.
Ново на Сител
-
Нова компресорска станица на Клинички
-
Еуроактив: Нема преговори меѓу Софија и Скопје, македонската влада сепак дава шанса на дијалогот
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат
-
Телешко месо во месарите по цена од над 800 денари за килограм, а фармерите со „кратки ракави“