-->
-->
Рома последен полуфиналалист во „Копа Италија“
-->

Екипата на Рома е последниот тим кој обезбеди пласман во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Италија.
Во натпревар последниот натпревар од четвртфиналето на „Копа Италија“ одигран синоќа во Рим, фудбалерите на Рома ја совладаа Чезена со 2:1.
Рома поведе со голот на Един Џеко во 68.минута, пет минути подоцна (73) гостите израмнија преку Лука Гаритано. И кога сите очекуваа крај на мечот и продолженија, во петатта минута од судиското дополнение на регуларниот дел (90+5) по прекршокот врз Строман кој го направи гостинскиот голман, судијата Марсека покажа на белата точка. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше ветеранот Франческо Тото кој ги постави конечните 2:1, за пласман на Рома во полуфиналето.
А, за место во финалето, Рома ќе се бори против градскиот ривал Лацио, додека во второто полуфинале ќе играат бранителот на трофејот Јувентус и Наполи.
Првите натпревари на програмата се на 1 март, додека реванш дуелите ќе се играат на 5 април, а финалето е закажано на 2 јуни и тоа на „Олимпискиот стадион“ во Рим.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Предизвикувачка година за прилепското стопанство
-

Македонското јаболко се бара во Србија, Бугарија, Чешка, Косово и Албанија
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Во политичката криза темата за Македонија не е приоритет за Бугарија
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Софија
-

Се подготвува извештајот до УНЕСКО
-

Филипче на средба со коалиционите партнери
-

Бугарија пред нови избори
