-->
-->
Ролан Гарос: Мареј со проблеми во 1.коло - мечот прекинат
-->

Вториот носител на Грен Слемот „Ролан Гарос“, британскиот тенисер Енди Мареј наиде на големи проблеми уште во првото коло. Британецот на мечот со Радек Штепанек од Чешка губи со 2-1 во сетови и само еден изгубен сет го дели од елиминација.
Мечот синоќа беше прекинат поради мрак, а ќе се доигра денеска со почеток во 12:30 часот.
Чешкиот тенисер ги доби првите два сета со по 6:3, во третиот Мареј славеше без изгубен гем (6:0), а во четвртиот е 4:2 за Британецот.
Евентуален пораз за Мареј би значела прва елиминација на вториот носител на турнирот во Париз по пауза од 16 години. Во 2000 година Пит Сампрас беше елиминиран, иако тогаш важеше за втор кандидат за освојување на трофејот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
-

Четири нови возила за пошта Штип
-

Пиво Фестивал во Прилеп на 17, 18 и 19 јули - Џенан Лончаревиќ, Милица Павловиќ и Јелена Розга главни музички ѕвезди
-

Преглед на вестите од светот
