-->
-->
Ролан Гарос: Ако нема дожд, многу тенис
-->
Изминативе два дена организаторите на Ролан Гарос воопшто немаа среќа со временските услови, па со исклучок на вчера кога тенис се играше нешто повеќе од два часа останатото време погледите беа свртени кон небото и кога ќе престане дождот. Ако временските услови дозволат денеска тенис планирани се 12 меча во двете конкуренции.
Најпрвин на четирите главни терени жените ќе ги почнат преостанатите осминафинални мечеви, а потоа мажите ќе треба да ги доиграат од вчера почнатите осминафинални дуели. Ако има услови ќе се играат и по два четвртфинални меча во двете конкуренции.
Програма на Ролан Гарос за 1.јуни:
Терен Филип Шатрие:
Серена Вилијамс – Елина Свитолина (осминафинале),
Новак Ѓоковиќ – Роберто Баутиста – Агут (осминафинале – 3:6; 6:4; 4:1 во трет сет),
Ришар Гаске – Енди Мареј (четвртфинале),
Саманта Стосур – Цветана Пиронкова (четвртфинале).
Терен Сузан Леглан:
Венус Вилијамс – Тимеа Башински (осминафинале)
Давид Ферер – Томаш Бердих (осминафинале – 2:1 во прв сет)
Алберт Рамос – Винолас – Стан Вавринка (четвртфинале)
Шелби Роџерс – Гарбине Мугуруза (четвртфинале)
Терен број 1:
Кики Бертенс – Медисон Кејс (осминафинале)
Ернестс Гулбис – Давид Гофин (осминафинале – 3:0 во прв сет)
Терен број 2:
Карла Суарез Наваро – Јулија Путинцева (осминафинале)
Марсел Гранољерс – Доминик Тием (осминафинале – 2:6; 7:6 (7:2).
Почетокот на мечевите е предвиден во 11 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Јаневска: Дел од приватните факултети штанцаат дипломи – тоа е јавна тајна
-
Во 22 од 34 општини нема минимум зеленило според законските стандарди, покажа ревизорскиот извештај
-
Лидерите на верските заедници потпишаа декларација за борба против насилен екстремизам
-
Преглед на вестите од светот
-
12 години затвор за Васил Јованов, таткото на Фросина ја напушти судницата
-
Таравари оди во опозиција - Кој ќе го земе Министерството за Здравство?
-
Јаневска: Јавна тајна е дека дел дипломите кои ги добиваат студентите не се заслужени
-
Над 2000 медицински сестри лани ја напуштиле државата