Рокас за случајот со Државна лотарија: Да оставиме правдата да зборува сама за себе
Евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас, без коментар за случајот со корупција во Државната лотарија, нагласувајќи дека треба да оставиме правдата да зборува сама за себе.
-Во оваа фаза немаме никаков коментар. Да дозволиме на самото судство и јавното обвинителство во земјата да продолжат со истрагата. Мислам дека треба да оставиме правдата да зборува сама за себе, изјави Рокас, одговарајќи на новинарски прашања по настанот за засадување на дрвца кај новиот Мега Парк во општина Карпош.
Aмбасадорката на Соединетите американски држави (САД) Анџела Агелер, денеска исто така, немаше коментар по почнатите истраги и обвиненија кои се поведени против двајцата функционери откако нејзината земја ги стави на т.н црна листа како осомничени за корупција.
-Не можам. Јас не сум дел од ниту еден од внатрешните истражни процеси во оваа земја, рече денеска Агелер на прашањето дали може да ја коментира истрагата што започна по ставањето на двајцата функционери на „црната листа“ на Стејт Департментот.
Ново на Сител
-
Граѓаните на протест на Партизанска бараат одговорност од обвинителствтото и судството
-
Во живо од терен - дали граѓаните ги бојкотираат маркетите?
-
Димитриевска - Кочоска: Институциите да проверат зошто маркетите билдаат огромни профити
-
Филипче од Хрватска - Владата има обврска да ги заштити граѓаните од високите цени
-
Струмичани утре излегуваат на протест против загадениот воздух
-
Преглед на вестите од светот
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ