Рокас: Навистина гледам забрзување на реформите, измените на Изборниот законик се добри и се надевам дека партиите ќе постигнат консензус

Ервоамбасадорот Михалис Рокас денеска изјави дека гледа забрзување на реформите во земјата во сите 51 реформски чекор, а во грејс-периодот работат заедно со Владата и од 10, ќе бидат исполнети девет и пол. За Изборниот законик, Рокас смета дека законот во основа е добар и оти се надева дека партиите ќе постигнат консензус.
- Ние сме фокусирани на 10-те чекори што беа во грејс-периодот и кои истекуваа на 30 јуни. И на овие 10 чекори мора да кажам дека навистина внимателно работевме, непосредно со Владата, со цел да ги исполниме. Убеден сум дека поголемиот дел од работата е завршен и дека ќе имаме извонредни резултати. Како што знаете, тие ќе бидат доставени во следните 10 дена до Европската комисија на една последна процена и крајната одлука се носи некаде во септември, но ова е навистина добар успех. Меѓутоа, во исто време ја имавме и оваа редовна вежба, која заврши на 30 јуни оваа година, и тука почнува тој грејс-период од една година. И со тоа имаме добар напредок, но она што е важно е дека во сите 51 чекор има напредок. Јас сум навистина сигурен дека гледам забрзување во реформите, меѓутоа во секој случај треба да ги почекаме последните резултати и процената на Европската комисија по летниот распуст - рече Рокас, кој денеска беше на промоција на нова воена опрема во касарната „Илинден“.
За тоа дали 1те реформски чекори ќе бидат исполнети, Рокас вели дека тоа ќе биде процена и оти работат заедно со Владата „со цел да постигнеме девет, девет и пол“. - Во секој случај убеден сум дека ќе имаме добри резултати, но мора да разберете дека проценката всушност се прави од Европската комисија - рече евроамбасадорот.
За Изборниот законик рече дека има дискусии со политичките партии кои што се одвиваат во моментов, но оти е потребно да се постигне консензус.
- Законот сам по себе е добар закон. ОДИХР и Европската комисија дадоа позитивна проценка и оценка, но она што преостана во моментов се модалитетите. Јас разбирам дека има несогласувања кога станува збор за овие моделитети, но чувствувам дека има добра волја тоа да се надмине. И Комисијата во Парламентот за Изборниот законик веќе работи, и се надевам дека партиите на толку важна работа, ќе бидат во можност да седнат и да постигнат консензус кога станува збор за ова сензитивно прашање. Меѓутоа, основите на законот и законот сам по себе, се навистина добри - рече евроамбасадорот Рокас.
МИА
Ново на Сител
-

Николоски: Завршивме со реконструкција на железничката обиколница Скопје, линија Драчево - Илинден
-

Руте: Новите американски напади врз Иран беа апсолутно неопходни
-

Почна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски учесник на значајни активности и состаноци
-

Кос во Скопје: Нема гаранции за Македонија, како и за секоја друга земја-кандидат за ЕУ
-

САД извршија нови воздушни напади врз Иран, Техеран возврати со напади врз Кувајт и Бахреин
-

Десет лица повредени во последниот ракетен напад врз Одеса, руското ПВО соборила 415 украински дронови
-

Голем шумски пожар кај Порто Палермо во јужна Албанија
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локално со пороен дожд и грмежи, температурата до 36 степени
