-->
-->
Рок легендата Иан Гилан во Скопје
-->

Рок легендата Иан Гилан доаѓа во Скопје со уникатен концерт со песни од Дип Парпл, придружуван од бендот на Дон Аиреј и Македонската филхармонија.
Со концертот на Иан Гилан, придружуван од бендот на Дон Аиреј и Македонската филхармонија, под диригентство на Стефан Бентли Клеин, на 5 ноември во ВИП Арената во Скопје „Авалон Продукција“ ја затвора светската концертна сезона 2016 во Скопје.
Фронтменот на Дип Парпл, како што е најавено, пред македонската публика ќе ги изведе „Smoke On The Water“, „Black Night“, „Perfect Stranger“ и други песни на групата. Специјални гости на концертот ќе бидат Папа Ле Гал.
Иан Гилан активно настапува и само минатата година има одржано настапи во 48 земји, со групата Дип Парпл и како соло изведувач.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
