-->
-->
Рохани: Трамп нема да успее да му наштети на иранскиот нуклеарен договор
-->

Претседателот на Иран Хасан Рохани изјави дека неговата земја нема да му дозволи на новизбраниот претседател на САД Доналд Трамп да го уништи иранскиот нуклеарен договор, кој е склучен со светските сили, јави БТА.
- Некој човек е избран во САД. Какви планови и да има, тие ќе бидат откриени подоцна. Да, може да посака многу нешта. Може да посака да го ослабне иранскиот нуклеарен договор. Може да сака да го укине договорот. Мислите ли дека ние ќе го дозволиме тоа?, истакна Рохани при говорот на Техеранскиот Универзитет.
- Такви желби не можат да влијаат на нашата волја, наведе претседателот на Иран.
Во предизборната кампања Трамп изјави дека иранскиот нуклеарен договор е катастрофален и вети дека ќе го предоговори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Филипче направи грешка што не отиде на лидерска
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Вработени во УЈП и сопственици на фирми испумпале скоро 5 милиони евра државни пари
-

Мицкоски: Законските измени за „Safe Сity“, ќе се гласаат на наредната седница во Парламентот
-

Јавна расправа за измените на КЗ во Парламентот
-

Mицкоски: Наскоро добри вести од САД
-

Владата одобри 10 илјади работни дозволи за странски работници
-

Нема одложување на второто полугодие – учениците се враќаат на настава во вторник
