Рохани: САД не ги исполнија своите обврски од нуклеарната спогодба
Иранскиот претседател Хасан Рохани, смета дека САД потфрлија во однос на нуклеарната спогодба, бидејќи не ги исполнуваат своите обврски.
-САД ги преценија своите можности во однос на нуклеарната спогодба. Тоа, пак, сега претставува пречка официјален Техеран и Вашингтон да преговараат за други регионални прашања. Како што кажа и врховниот водач (ајатолахот Али Хамнеи), нуклеарната спогодба претставува тест и за другата страна, изјави Рохани пред новинарите.
Нуклеарната спогодба беше склучена во јули 2015 година, помеѓу Иран од една страна и големите сили (САД, Русија, Кина, Франција и Велика Британија) од друга, а стапи во сила во јануари годинава. Таа предвидува да се отстранат дел од меѓународните санкции кон Иран, а земјата, од своја страна, да ја ограничи нуклеарната програма на граѓанскиот и енергетскиот сектор, односно да го прекине развојот на атомско оружје, потсетуваат западните медиуми.
- Иако после спогодбата Иран го зголеми извозот на нафта, во други области работите одат многу побавно, нагласи претседателот и изрази оптимизам дека во иднина тоа ќе се промени.
Според ОН, Иран целосно ги исполни своите обврски од спогодбата. Но, Техеран од своја страна, постојано го обвинува Вашингтон дека го кочи отстранувањето на санкциите и обновувањето на трговските и економските релации со меѓународната заедница.
Во понеделникот ајатолахот Хаменеи, исто така, ја критикуваше незаинтересираноста и индолентноста на САД.
- Американците сакаат да преговараме за регионалните прашања, но примерот со преговорите околу нуклеарната енергија докажа дека доверба во нив не може да се има во никаков случај, изјави Хамнеи, кој како ирански врховен лидер го има последниот збор во врска со најважните политички прашања во земјата.
Ново на Сител
-
Средна оценка 3.69 од државната матура во јунскиот испитен рок
-
Несовесните гости во македонскиот туристички бисер зад себе оставаат купишта ѓубре
-
Голем број прилепчани со замастен црн дроб поради нездрава храна и прекумерен алкохол
-
Преглед на вестите од светот
-
Полициска акција во Арачиново - Приведено едно лице за изнуда од 165 000 евра
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
Невреме со град во Скопје и низ државата
-
Политичките партии со осуда за ксенофобијата на трибини во Куманово, но и со меѓусебни обвинувања