Рохани побара итна осуда за напаѓачите врз саудиската Амбасада
Иранскиот претседател Хасан Рохани побара судските власти во државата итно да процесуираат 50 осомничени за учество во напад врз саудиската Амбасада во Техеран.
Во писмо до судските власти тој наведува дека мора да бидат казнети извршителите и организаторите на тоа злосторство.
Ирански дипломати вчера ја напуштија Саудиска Арабија откако Ријад прекина врски со официјален Техеран по нападот врз саудиското дипломатско претставништво во Иран. Официјален Ријад прекина со дипломатски односи и откажа авиосообраќај откако демонстранти во Техеран ја запалија саудиската Амбасада и Конзулатот во Машад.
Тие протести беа одоговор на тоа што Саудиска Арабија во изминатиот викенд го ликвидира шиитскиот свештеник Нимр ал-Нимра организатор на шиитски протести во 2011 година.
Ново на Сител
-
Втора седница на Советот за безбедност во вила „Водно“
-
Бројот на жртви од вчерашниот руски напад врз Киев се искачи на 26
-
Трамп и воведе царина од 15 отсто на Македонија
-
Без вода дел од Општина Карпош
-
За влез и излез од државава се чека околу 45 минути
-
Словенија воведува ембарго на оружје за Израел
-
Сончево и потопло
-
Возач на 59 години и две сопатнички на 55 и 71 години се загинатите од Тетово во сообраќајната несреќа