Фудбал
27. March 2016 - 19:25

Роџерс се враќа во Свонси ?

 
Поранешниот тренер на Ливерпул, Брендон Роџерс, наскоро би можел да се врати на тренерското место, објавија англиските медиуми.
 
Ирецот остана без работа во октомври минатата година по добиениот отказ од Ливерпул, но се чини дека нема уште долго да биде без клуб.
 
Тамошните медиуми го најавуваат Роџерс за нов предводник на Свонси, каде работеше оред да дојде во Ливерпул.
 
Во прилог на овие тврдења е информацијата дека сегашниот тренер на Свонси Франческо би требало да биде наследник на Антонио Конте на клупата на италијанската репрезентација, па така тренерското место на премиерлигашот би останало празно.