Балкан
16. November 2017 - 10:42

Роднина затекнал тинејџер како ја силува седумгодишната сестра!

Новопазарската полиција го уапсила малолетникот К.Б. (17) од овој град поради сомневање дека ја обљубил седумгодишната сестра, неофицијално дознава Блиц.

Роднина го затекнал детето како го силува девојчето во куќа во новопазарската населба Блажево и веднаш ја известил полицијата која дошла и го уапсила.

Според непотврдени информации, на тинејџерот му е одреден притвор до 48 часа, додека девојчето е префрлено во Општата болница каде е задржана на понатамошно лекување.

Ова е втор случај силување во Нови Пазар во последните две седмици, во почетокот на ноември е уапсен Е.Т: кој е осмничен дека со години ја силувал малолетната ќерка (15).

Според неофицијални информации, во полиција овој случај го пријавила мајката на девојчето откако помалата ќерка и раскажала деја го видела како таткото сексуално малтретира сестрата.

- Нејзиите зборови ги потврдила и силуваното девојче кое на мајката и признала се и и кажала дека малтретирањето траело со години, дека таткото ја принудувал на секс заканувајки и се дека на никого не смее да каже. Кога го слуушнала тоа мајката, повикала полиција и го пријавил а сопругот кој е упасен, изјавил извор на истрагата.