Роднина на Хитлер се вљубил во Еврејка

Американец, далечен роднина на Хитлер се вљубил во Еврејка, но врската не успеала, кога таа ја дознала семејната историја.
Браќата Александер, Брајан и Луис Стјуарт-Хјустон се внуци на Алоис, полубрат на Адолф Хитлер и се последните живи роднини на нацистичкиот лидер. Нивниот дедо се оженил за Ирка, и живееле во Даблин, откаде што се преселиле во Англија, па во САД.
Сето тоа пред Втората светска војна. Нивниот татко Вили Хитлер се вклучил во американската морнарица, и се борел против Германците, што било популарно наречено Хитлер против Хитлер.
Тројцата браќа, кои денес живеат на Лонг Ајленд, имале и четврти брат, Хауард, кој загинал во сообраќајна несреќа пред 30-на години.
Александер за повеќе медиуми има раскажувано дека еден од браќата, што се уште не сака да го именува, бил во врска со Еврејка и сакал да се ожени со неа, но кога таа дознала за неговата семејна лоза, го напуштила.
Тој за „Дејли Мејл“ изјави дека тие одлучиле да не се женат и да немаат деца, за „да се прекине крвната линија“ на Хитлер.
Ново на Сител
-

Наводи за мобинг во кумановскиот суд - Судскиот совет ја прифати претставката
-

Рокот на спорните серии на БСЖ во Македонија истекол во јуни годинава - нема ниедна несакана реакција
-

Вакцинацијата против грип ќе почне кон крајот на октомври
-

Измени за Законот за животна средина
-

Три години по нападот на Хамас врз Израел, како се смени безбедноста на еврејските заедници?
-

Пакетот закони за реформи на администрацијата и за минимална плата од 600 евра пред пратеници
-

Мицкоски: Само со дијалог може да го надминеме спорот со Бугарија
-

Македонија ќе добие вакцини БСЖ со помош на УНИЦЕФ
