-->
-->
Родителите во неверување и паника: Шест годишно дете исчезна додека се лулало на детско игралиште
-->
Во Секторот за внатрешни работи во Тетово вчера било пријавено дека од саботата,18 мај, е исчезнато дете. Жител на Прилеп пријавил дека во Тетово е исчезнато неговото шестгодишно дете.– Дваесет и деветгодишниот Е.М. од Прилеп, вчера (20 мај) во 11 часот и 30 минути, во Секторот за внатрешни работи Тетово пријавил дека на 18 мај годинава околу 21 часот, додека играл на лулашките во забавниот парк на Спортскиот центар во Тетово, наеднаш се изгубил нивниот шестгодишен син, информира Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.
Прилепчанецот во полицијата истакнал дека од саботата до понеделникот заедно со сопругата го барале детето, па потоа се одлучиле да го пријават исчезнувањето.
– Според исказот, тројцата членови на семејството времено дошле во Тетово од Прилеп. Во Тетовско престојувале десетина дена и работеле на собирање на старо железо, информираат од СВР Тетово.
Оттаму соопштија дека се преземаат повеќе мерки со цел да добијат повеќе информации и да се најде детето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Славески: Инфлацијата ќе се движи по патека на надолно приспособување и ќе има натамошен економски раст со солидно закрепнување
-

ЦУК: Поради поплавите предизвикани од поројните дождови, во Кочанско и Охридско се интервенира со механизација
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, -11 степени
-

Јанчев: Зимската служба до доцна вечерта обезбедуваше услови за побезбеден сообраќај
-

Триумф на македонските ракометари во дуелот со Бахреин
-

Две лица ранети од припадник на американската служба за имиграција ICE во Портланд
-

Масовни протести во Иран, се палат владини згради, поддршка од синот на соборениот шах Реза Пахлави
-

Денеска е Свети Стефан, заштитник на болните, старите, сиромашните
